ЕКОНОМИЈА

Плаќањата сѐ повеќе стануваат безготовински, трендот присутен и кај нас

Плаќањата сѐ повеќе стануваат безготовински. Според Светска банка, во глобални рамки, две третини од возрасното население врши дигитални плаќања, притоа 95 проценти во развиените економии, а 57 проценти во економиите во развој. Трендот на сè поголема дигитализација е присутен и кај нас, поточно 74 проценти од возрасните вршат дигитални плаќања, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на отворањето на конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура којашто започна денеска во виртуелен формат. 

Анкета на Народната банка, како што посочи гувернерката, покажува дека нашиот банкарски систем посветува сè поголемо внимание на инвестирањето во нови технологии и обезбедувањето нови начини на плаќање. 

Гувернерката ги истакнала заложбите на Народната банка за поставување на темелот за побрзо продирање на иновациите во финансиите посочувајќи ги значењето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи Портата за иновации како платформа за дијалог со финтек-секторот, како и првата национална Стратегија за финтек-секторот којашто наскоро ќе биде донесена. Притоа, укажала и на важноста на среднорочниот проект на Народната банка за истражување на придобивките што може да ги донесе дигиталната валута за македонскиот платен систем и пошироко за целокупната економија, но и за ризиците што може да ги наметне за финансиската стабилност и монетарната политика. 

Според гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, платежните услуги и мрежата на пазарни инфраструктури стануваат сè пософистицирани.

– Ова ни кажува, на мое задоволство, дека ние како општество се развиваме. Да бидеме вредни и креативни, меѓусебно да си помагаме и да работиме на заеднички интерес и меѓусебна соработка и хармонија. Ништо не е невозможно за оние кои работат неуморно и посветено, нагласила Табаковиќ. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button