ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Планинарски марш на Водно

Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското знаме, 9 Мај, денеска го организира традиционалниот Марш на Водно.

Стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа во 9 часот со краток церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење ќе им бидат доделени мали ЕУ и МК знамиња.

Знамињата ќе се носат до врвот на Водно. На Средно Водно, пак, на учесниците ќе им се поделат вода и кроасани, но оваа година ќе биде изоставено традиционалното планинарско гравче.

Организаторите истакнуваат дека за време на маршот ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост за движење во групи и заштита од пандемијата со КОВИД 19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button