ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По период од ниски бројки на инфекција, бројот на заболени од КОВИД 19 забележа раст

Расте бројот на нови случаи со Ковид 19. Во последните 24 часа се регистрирани 47 заразени. По Скопје, во Тетово повторно регистрирани најголем број нови случаи. Здравствените власти велат дека ја следат состојбата, додека во моментот не размислуваат за повторно воведување на забрани. Министерот за здравство Венко Филипче повтори дека ќе има ограничувања само за луѓето кои нема да бидат вакцинирани. Според него, ова би била најдобрата заштита на јавното здравје.

Во меѓувреме, процесот на вакцинација продолжува. Во текот на вчерашниот ден бројот на вакцинирани во земјава надмина 500.000. Само вчера се вакцинирани 13.810 лица, од кои 4.098 лица се вакцинирани со првата доза. Досега се вакцинирани над 360.000 граѓани со две дози. Над 20.000 лица се вакцинирани на терен.

Во моментов на располагање за граѓаните се вакцините Фајзер, Астра & Зенека и кинеската Синовак. За да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинираат 70-80% од населението.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button