По вчерашните тензии ситуацијата пред општина Врапчиште денеска мирна

По тензиите вчера во општина Врапчиште, ситуацијата денеска изгледа мирна. Од раните утрински часови општината ги отвори вратите и нормално продолжи со работа. Организаторите на протестите најавија дека ќе продолжат да протестираат пред општината секој ден од 11 до 15 часот, но протест денеска не се одржа. Од друга страна, стопирани се работите на црквата на влезот од селото Топлица.
Го посетивме и селото Галата, каде е црквата и анкетиравме неколку жители. Тие изјавија дека во селото се одржал состанок и се одлучило да се прекинат работите додека не се добијат соодветните дозволи од општината, притоа осудувајќи го насилството на одредени лица кои, според нив, не биле ниту од ова село.
За проблемот, првиот човек на општина Врапчиште, Исен Шабани, го свика советот на општината.
Дел од жителите на Врапчиште и од Гостивар протестираа во општината, барајќи средба со првиот човек на општина Врапчиште, но биле спречени од полицијата во Гостивар додека двајца од нив беа изнесени со лисици.
Башким Сулејмани