ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почетокот на изборната кампања го блокираше градот

Блокирани улици и редица автомобили кои чекаат, блокиран булевар со полицикси автомобили, полицајци го регулираат сообраќајот. Вака денеска изгледаше главниот град во блиизна на зградата на Владата.

Дел од граѓаните велат дека им пречи вревата од собирите, кога тие се одржуваат на улици и во близина на зградите каде што живеат.

Од МВР велат дека ќе направат се за непречено одвивање на сообраќајот и додадоа дека булеварот пред Владата ќе биде слободен за проток на автомобили, веднаш по завршувањето на митингот.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен сообраќаен режим, итно затворање на бул. „Илинден“, потегот од мост „Гоце Делчев“ до булеварот „Климент Охридски“ од двата правци. Во текот на денот, по потреба ќе бидат затворени и другите патни правци во широкото централно подрачје. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на улиците каде што ќе се одржи настанот“, наведоа од МВР.

Предизборните партиски активности денеска започнаа низ сите градови во земјава.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button