ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За една година се формирале 17 нови институции

И покрај континуираните ветувања за намалување на институциите и вработените во јавната администрација со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста, минатата година се случи спротивното. Зголемен е бројот на институциите, а бројот на вработени и понатаму е ист како и претходните години, па дури и се зголемува.

Според податоците објавени од Министерството за информатичко општество, Македонија на крајот на 2023 година броела вкупно 1.371 институција, во кои,  работеле вкупно 110.169 лица.

Споредено со 2022 година, во текот на 2023 година биле формирани 17 нови институции, што не е во согласност со владините ветувања за намалување на бројот на непотребни институции, кои постојат повеќе поради партиските апетити отколку интересот да им служи на граѓаните.

Впрочем, според извештајот на Министерството за образование, во земјава има 14 институции кои немаат воопшто вработени, туку само директори. 193 други институции имаат од 1 до 10 вработени.

Од друга страна, не е намален ниту бројот на вработени во јавниот сектор. Во споредба со 2022 година, лани имало 300 вработени повеќе.

Според директорот на Центарот за европска стратегија „Евротинк“, Димитар Николовски, вработувањето во администрацијата се врши за клиентелистички цели додека бројот на вработени во администрацијата треба да се рационализира бидејќи има институции кои имаат недостиг на вработени, додека има и други кои имаат повеќе отколку што треба.

Реформите во администрацијата, освен што се неопходни за земјата и граѓаните, се и услов за членство во ЕУ. Европската комисија во последниот извештај даде оценка 3 за областа на реформите во администрацијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button