МАКЕДОНИЈА

Почна пребројувањето на кучиња – скитници

Почна пребројувањето на кучиња - скитници

Јавното претпријатие „Лајка“ почна со теренски работи за пребројување на кучињата скитници. И покрај тоа што сегашниот директор чека прифаќање на оставката, овој процес за кој вработените поминаа обука не е прекинат. Војслав Димитровски, директор на „Лајка“, во оставката вели дека во претпријатието е создаден добро организиран систем, но се надева дека негов наследник ќе биде предлог од здруженијата за заштита на животните.

Advertisements

„Веќе почна броењето на кучињата во град Скопје, прва пилот општина е општина Аеродром, потоа направивме активност со броење на кучиња на ниво на град Скопје, каде што поминавме траса од околу 30 km со цел да има поголема база на податоци и попрецизни информации при обработката на податоците. Второто ниво е на ниво на општина, односно кучињата ќе ги броиме за секоја општина посебно. А третото ниво е во околу 25 „HOT SPOT“ пунктови кои се веќе воспоставени во градот. Секоја промена е добредојдена се додека резултатите се во согласност со јавниот интерес, а во нашиот случај и во интерес на благосостојбата на животните“, рече Војслав Димитровски – директор на ЈП „Лајка“ во оставка.

Димитровски вели дека на ЈП „Лајка“ му треба многу повеќе простор, ако се земат предвид бројките од илјадници кучиња скитници во главниот град. На ова претпријатие му требаат повеќе финансии. Предлото да му се помогне на „Лајка“ со 10 милиони денари, не доби доволно гласови во Советот./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button