ЕКОНОМИЈА

Подготвителна седница за блок тарифите за потрошувачката на струја на домаќинствата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ја започна подготвителна седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи).

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски во обраќањето истакна дека со овој тарифен систем чии контури се објавени пред повеќе од 30 дена главна новина ќе биде воведувањето на блок тарифи за потрошувачката на домаќинствата.

– Овие блок тарифи се воведуваат со една цел да се рационализира потрошувачката со електрична енергија, односно кој ќе троши повеќе тој ќе плаќа повеќе. Тарифните блокови претставуваат еден вид концепт како што беше персоналниот данок, кој има поголеми приходи да плаќа повеќе. Блоковите ќе важат исклучиво за време на важење на скапата тарифа, од 7 до 22. Евтината тарифа продолжува како што беше досега до 22 до 7 и цел ден недела и потрошувачката кај евтината тарифа нема да биде тарифирана врз основа на блокови, за евтина тарифа нема да важат блоковите, нагласи Бислимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button