ЗДРАВСТВО

Подобри услови за работа или протести, доктори се жалат и на политички притисоци

Во Клиничкиот центар има медицински сестри кои не знаат како да ја стават иглата во шприцот. Тоа е последица на притисоците кои доаѓаат од партиските штабови кои инсистираат да се вработат несоодветни кадри. Со овие проблеми секојдневно се соочуваат лекарите кои и покрај тоа што го креваат гласот, речиси се игнорирани од надлежните институции. Според доктор Нико Беќаровски, работата на многу клиники ја одржуваат во живот волонтери на кои и покрај работата што ја работат не им се плаќа ништо.

Advertisements

Во меѓувреме, првиот човек на Синдикатот на Клиничкиот центар Предраг Серафимовски уште еднаш ја истакна потребата од зголемување на платите. Доколку тоа не се случи од месец септември, не се исклучува можноста за протести.

Синдикатот за здравство веќе неколку месеци го крева гласот за подобри услови за работа, повисоки плати и решавање на проблемот со недостигот на кадар на многу клиники.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button