СПОРТФУДБАЛ

Погба нема да го оперира коленото, сака да игра на Мундијалот во Катар

Погба нема да го оперира коленото, сака да игра на Мундијалот во Катар

Францускиот репрезентативец Пол Погба одлучи да не оди на операција на коленото за да може што подобро да се подготви за настапот во дресот на триколорите на Мундијалот во Катар, кој ќе се одржи на крајот од 2022 година, објавија светските медиуми денеска.

Погба со одмор, масажи и рехабилитација ќе го лекува повредениот менискус.

Играчот од средниот ред на Јувентус го повреди менискусот на еден од првите тренинзи со својот старо-нов клуб на крајот на минатиот месец додека Јуве беше на турнеја во Лос Анџелес. Доколку би го оперирал коленото, Погба сигурно би го пропуштил Светското првенство во Катар од 21 ноември до 18 декември, поради што францускиот ас, кој досега одигра 91 натпревар за француската репрезентација, се одлучи со „конзервативна терапија“ да го реши проблемот со повреденото колено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button