ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата дава нови детали од пронаоѓањето на телото на младиот кумановец

Полицијата дава нови детали од пронаоѓањето на телото на младиот кумановец

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи Тетово, Маријан Јосифовски, даде нови детали за пронаоѓањето на телото на младиот кумановец.

Јосифоски изјавува дека телото на младото момче било пронајдено во близина на касарната „Ербина“.

Видео од извлекувањето на телото на Ердон Рамадан во реката Вардар

„Во 10 часот и 40 минути е пронајдено мртво тело на маж во близина на касарната Еребино, до вториот бетонски мост.

Телото треба наскоро да биде извлечено од водата и да се направи официјална идентификација. Повикани се лекарот од Судска медицина и јавен обвинител“, соопшти Марјан Јосифоски.

Претходно градоначалникот на општина Желина, Блерим Сејдиу, го најави пронаоѓањето на телото на младиот од Куманово кој имаше сообраќајна несреќа.

Пронајдено телото на 22-годишниот кумановец

Изминативе денови покрај полицијата и Дирекцијата за заштита за спасување, во потрага по момчето кое пред неколку дена доживеа несреќа, беа вклучени и припадници на војската и доброволци./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button