ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Половина железнички линии запрени, расипани локомотиви, нема возачи

Во целава земја само три железнички линии се активни за превоз на патници. Линиите кон Табановце, Кичево и Кочани воопшто не функционираат. Линиите за Кичево и Кочани се неактивни поради недостиг на возови, а линијата кон Табановце поради недостиг на машиновозачи, велат властите. Линиите од Скопје кон Битола, Велес и Гевгелија се активни, но возовите се ретки.

Ако ви избегал возот треба да чекате најмалку 2-6 часа за да пристигне другиот. Ова е една од причините зошто граѓаните го избегнуваат железничкиот превоз, поради долгите чекања. Нивниот повик е да има почести линии од овој вид на превоз. العاب تكسب فلوس

Во време на поскапување на горивата, граѓаните почнаа да им се враќаат на возовите. Но, оние кои патуваат подалеку велат дека за мала работа во Скопје, цел ден им поминува во чекање по станици.

Од јавното претпријатие „Македонски железници – Транспорт“ велат дека имаат проблеми со резервни делови за возовите. العاب مجانية عبر الانترنت Според нив, периодот за доставување од произведувачот е доста долг, бидејќи употребувале стари возови за кои често пати нема делови. Од претпријатието вината ја префрлаат врз компаниите кои го добиле тендерот за снабдување со резервни делови, а проблем има и со недостиг на пари. العاب الروليت

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button