ВЕСТИЗАБАВА

Поранешна фабрика за чоколади претворена во семеен дом!

Да се живее во фабрика за чоколади, веруваме, звучи како да се оствари детски сон.

Токму еден таков сон живее едно шпанско семејство купувајќи зграда каде што некогаш се произведувало чоколадо.

Фабриката за чоколади го добила името Dirk and the Chocolate Factory, се наоѓа во срцето на La Bisbal и е целосно обложена со камен и тула, така што на прв поглед привлекува многу внимание. Заради интересната историја, парот, кој реши да ја претвори зградата во нивниот нов дом, одлучи дека сака да
задржи дел од тој историски шарм.
Секој од трите спрата е неверојатно простран, има минималистички и модерни детали. Тула и камен, кои биле составен дел на оваа градба уште пред реновирањето, останале на истите места и сè уште даваат вистинска топлина на целиот дел.
Просториите за релаксација се исто така едноставно декорирани и преку елегантни стаклени врати овозможуваат поглед на големиот базен. Уште една одлична карактеристика на оваа куќа е пространото студио на еден од горните катови кое, изгледа како совршено место за работа од дома, создавање и апсолутен мир кога е најпотребно.
Извор: hybrid.mk
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button