Последиците од климатските промени, за седум години од сега

Климатските промени ги погодуваат сите сфери на земјоделството и сточарството. Професорот Ордан Чукалев вели дека порастот на температурите не е единствениот проблем, бидејќи климатските промени освен што предизвикуваат суши, поради зголемениот интензитет на врнежите можат да предизвикаат и силни поплави. Чукалиев вели дека најтешкиот период ќе дојде по 2030 година.
Џелал, земјоделец кој цел живот го поминал во одгледување земјоделски производи, вели дека последните неколку години ситуацијата е поразлична. Доколку зимата продолжи да биде ваква, стравува дека земјоделците може да се соочат со големи последици.
„Има промени, порано зимата почнуваше во ноември и траеше до март, сега доаѓа зима, а времето е топло, температурите високи, како ќе влијае сето тоа и какво ќе биде пак летото, не можеме да знаеме… Ако има зима ќе биде добро, ако не, може да има последици подоцна… Ако времето продолжи вака, мислам дури и на земјоделството може да му дојде крајот. Ако нема дожд, нема снег, ќе има суша”, вели Џелал.
Земјоделците и агрономите велат дека со посериозни проблеми се соочуваат во областа на градинарството и лозарството, односно насадите кои се трајни.
Ајнур Бафќари