ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Последни часови за состанок на бугарската комисија за надворешни работи

Последни часови за состанок на бугарската комисија за надворешни работи

Бугарската собраниска Комисија за надворешна политика веќе ги има сите неопходни документи за да го разгледа францускиот предлог за решение на спорот, кој предвидува кревање на ветото за преговарачката рамка за Македонија. Од бугарското МНР за медиумите потврдија дека и последниот побаран документ, кој се очекува двете страни да го потпишат, односно Протоколот за имплементација на Договорот за добрососедство е веќе доставен до собраниските служби. Сепак, според распоредот објавен на официјалната веб страница на бугарското Собрание, седница на Комисијата за надворешна политика се уште не е закажана.

Advertisements

„Очекувам во секој момент да заседава Комисијата за надворешна политика, за да го формира нејзиниот став во однос на Советот, кој започнува за неколку дена во Брисел и да се знае со каква позиција таму ќе отиде бугарскиот премиер“, рече Илијана Јотова – вицепретседателка на Бугарија.

Доколку Комисијата во меѓувреме не донесе поинакво решение, од МНР веќе најавија дека бугарскиот постојан претставник во Унијата, на утрешниот Совет за општи работи на ЕУ, ќе се придржува до ветото.
Досега, позитивен став за францускиот предлог пристигна од партиите од владејачката коалиција , кој доколку се види распоредот на силите во Комисијата, имаат вкупно 8 од 17 пратеници. За разлика од нив, ГЕРБ на Борисов, ИТН на Слави Трифонов и десничарската партија Преродба, имаат седум пратеници, а двајца доаѓаат од партијата ДПС, кои претходно поддржуваа решение за спорот со Скопје.

Додека се очекува Комисијата за надворешна политика да заседава, она што е сигурно е дека за утре е закажана пленарна седница, со единствена точка на дневен ред – гласање недоверба на Владата предводена од Кирил Петков.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button