ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Регулаторна и ја одзеде лиценцата на БЕГ

Регулаторна и ја одзеде лиценцата на БЕГ

Никој не може да ја гарантира испораката на природен гас во Македонија. Тоа е прашање на геополитка. Ова го изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика денеска по соопштувањето на одлуката за одземање на лиценците на Балкан Енерџи Груп. Токму високата цена на природниот гас потребен за производство на топлинска енергија е причината што приватната компанија се откажа од бизнисот и сега државата е принудена да го превземе во свои раце. Според најавите и цената на парното во иднина ќе расте.

„Ситуацијата и тоа како е сериозна. Дали ќе имаме или не пред се зависи од одлука на некои други, зависи од геополитика. Некој ако реши да ја прекине испорака ќе ја прекине, а една од алтернативите ни е од Грција преку Бугарија гасот да дојде во Македонија“, нагласи Марко Бислимовски претседател на БЕГ.

Кој и да биде вршител на должност дали новиот концесионер или пак БЕГ, обврската е да има резерви за 15 дена од алтернативно гориво, во овој случај тоа е производство на топлинска енергија од мазут. Регулаторот уште еднаш и порача на владата, таа преку ЕСМ да ја преземе работата на БЕГ, и да продолжи да произведува, да дистрибуира и да ги снабдува скопјани со топлинска енергија. Кон средината на јануари, кога висината на цените на природниот гас започнаа да уриваат рекорди од БЕГ соопштија дека немаат пари за набавка на гас кој е потребен за производство на топлинска енергија. На оваа тема дојде и до вербална расправија помеѓу скопската градоначалничка Данела Арсовска и министерот за економија Крешник Бектеши, префрлајки си ја топката кој да го превземе управувањето на парното во главниот град. Во периодот што следи се очекува владата да распише тендер за избор на компанија која ќе влезе во бизнисот со топлинска еенергија во Скопје.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button