ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Францускиот предлог не носи во тесно сокаче со бугарски барања

Димитров: Францускиот предлог не носи во тесно сокаче со бугарски барања

Поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров смета дека со францускиот предлот билатералните прашања влегуваат во преговарачката рамка. Според него, народот заслужува европска преговарачка рамка, каде битката е за реформите. За него е спорно и да се разговара за Бугарите да бидат внесени во Уставот на самиот почеток на преговорите, и ова Владата не може да го вети без притоа да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени.

„Предлогот не нè носи кон членство во Европската унија. Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе како членка? Предлогот нè носи во едно тесно сокаче, што е исклучително комплицирано и обременето со барањата на Бугарија“, изјави Никола Димитров – поранешен министер за надворешни работи.

Димитров беше дел од дискутаните кои говореа на трибината организирана од Институтот за демократија и ЕПИ. Според Марко Трошановски од Институтот за демократија, францускиот предлог на Европската унија не е реципрочен и во него се користат термини што можат слободно да се толкуваат. Како пример ги посочи очекувањата за „опипливи резултати“ од Договорот за добрососедство, од каде произлезе и Мешовитата историска комисија.

„Ако речеме хипотетички, дека до септември 2023 година ние треба да се договориме што е Гоце Делчев и тоа да биде услов за напредок во преговорите, тоа е апсолутно неприфатливо“, рече Марко Трошановски – претседател на Институт за демократија.

Тие ја повикаа Владата да го објави Протоколот за имплементација на Договорот за добрососедство, кој Скопје и Софија допрва да го потпишат. Со него, како што велат, ќе се расчистат дилемите во јавноста и апелираа Владата да биде гласна во забелешките, доколку земјите-членки на Унијата се усогласат за францускиот предлог.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button