ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Последните кризи го зголемија бројот на граѓани со ментални проблеми

Последните кризи го зголемија бројот на граѓани со ментални проблеми

Нашето општество запаѓа во депресија и на тоа влијаеја настаните од последните години како што се пандемијата, војната во Украина, економската криза и честите аларми за бомби во некои објекти. Само во последните три години од почетокот на Ковид-19, лекарска помош за своето ментално здравје побарале повеќе од 42 илјади граѓани. Во текот на 2022 година оваа бројка достигнува околу 14 илјади, околу 2 илјади повеќе од лани. Сепак, лекарите се сомневаат дека бројот на лицата на кои има треба помош е многу поголем, но велат дека кај нас се уште постои предрасуди. Психијатарот Кадри Хаџи Хамза вели дека оваа перцепција почнала малку да се менува кај помладите генерации.

„Кога се јавуваат проблеми каде на пример личноста не сака да комуницира, не сака да оди на работа, не сака да оди на училиште, сè му изгледа тешко, често им велам на моите студенти, кога ќе дојде ситуација да се покриете со ќебе и  да кажете „не, повеќе не сум тука, ова не е мојата реалност, тоа е сон“, тогаш време е да отидете кај професионалец, бидејќи тоа е првиот знак на депресија. Со други зборови, човекот ја губи радоста на животот, не сака да живее, не чувствува задоволство во животот“, рече Кадри Хаџи Хамза- психијатар.

Ваквата состојба на ментално здравје го загрозува и семејството, вели социологот Илија Ацевски. Според него, најзагрозени се семејствата кои се загрижени за опстанок и тука, како што вели, институциите треба што поскоро да интервенираат за да се надмине оваа состојба.

Податоците на Агенцијата за статистика покажуваат дека бројот на склучени бракови во вториот квартал од годинава е намален за 7,3% во однос на истиот период од 2021 година и достигна 2.670 бракови. Додека само во текот на вторите 3 месеци од годинава пристигнати се 521 пријава за развод./Alsat.mk

Еви Шкопи

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button