ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Eдна година за да се заврши канализацијата во Дебреште Гостивар

Eдна година за да се заврши канализацијата во Дебреште Гостивар

Канализацијата во гостиварско Дебреште почна да се гради пред околу една година, но крајот не се гледа. Покрај незавршувањето на дел од канализацијата, уништен е и патот. Жителите се жалат дека и покрај постојаното барање за доизградба на канализацијата и асфалтирањето на патот, состојбата на терен и понатаму останува непроменета.

„Вака е скоро една година и ништо не прават. Ќе направиме, ќе направиме и еве, остана никаде. Премногу нè оштетува затоа што има многу прашина, автомобилите се расипуваат, деца играат овде во калта. Од општината само велат ќе направиме и ништо, ја оставија канализацијата на половина“,рече еден жител.

Побаравме појаснување од општинското јавно претпријатие, но одговор не добивме. Пред неколку месеци ни беше кажано дека се чека доаѓањето на иселениците за да се приклучат на канализацијата за да може потоа да се направи асфалтирање. Од друга страна, првиот човек на општина Гостивар, Арбен Таравари, ветува дека проектот ќе биде завршен следната година.

„Годинава не можевме, верувам дека ќе го направиме следната година. Имајте предвид, економската криза го направи своето и не можевме да ги исполниме сите ветувања од 2021 година во 2022 година, но јас ќе кажам нешто. Во Дебреш, колку е инвестирано во овие пет години, не се инвестирало во изминатите 20 години“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

Токму поради недовршувањето на оваа канализација, децата додека си играат во оваа населба се во голема опасност од дупките и каналите кои останаа отворени, а никој не презема мерки за нивно затворање./Alsat.mk

Башким Сулејмани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button