ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе од 500 земјоделци пријавија штети

Повеќе од 500 земјоделци пријавија штети

Заврши пријавувањето на штетите во Подрачната единица за земјоделство во Тетово. Комплетираната документација следната недела ќе биде испратена до второстепената комисија во Владата, каде што ќе се направи втората проценка на предметите и врз основа на пазарните цени ќе се одлучи за висината на надоместокот за земјоделците од Полог. Според информациите на Министерството за земјоделство, надоместокот на земјоделците ќе биде во висина од 30 проценти од сегашната цена на овошјето и зеленчукот на пазарот.

Advertisements

Мирко Мартиновски, Раководител на подрачна единица на Министерството за земјоделство

Заменик министерот за земјоделство Флакрон Беџети за Алсат изјави дека се работи на обесштетување на земјоделците од Полог.

„Формирана е Владина комисија за ова прашање од повеќе сродни министерства. А заедно со општинските комисии се врши и регистрација и евалуација. Заинтересирани сме да им помогнеме на сите оштетени и на оние кои немаат склучено договори со цел да им излеземе во пресрет на сите“, изјави Флакрон Беџети, Заменик министер за земјоделство.

Според досегашната динамика, годинава не се очекува да биде завршен исплатата на надоместокот на земјоделците, со оглед на големиот број предмети и долгиот и сложен процес на проценка на штетите. Во неодамнешните поплави во Полошкиот регион, стотици земјоделци претрпеа големи штети врз посевите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button