ЗДРАВСТВО

Повеќе пари дури и за борба против КОМАРЦИТЕ

Македонија е постојано живеалиште за комарци. Здравствените власти бараат од општините сега да издвојат повеќе средства за прскање и нивно неутрализирање.

„Сакам да апелирам до општините да поделат доволно буџет за да се опфати што поголема површина за дезинсекција за да се искоренат разните инсекти“, рече Бесим Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје- Скопје.

Експертите алармираат дека начинот на прскање против комарци кај нас е неефикасен, а општините не го спроведуваат редовно. Методот што се применува е прскање преку авион, што според експертите, треба да се замени со прскање од земја.

Комарците пренесуваат разни заразни болести како што се Денга, Чикун Гуња и Зика. Покрај иритација на местото на каснување, тие често предизвикуваат и разни алергии кои бараат медицински третман.

„Нивниот убод може да предизвика сериозни заразни болести, како маларија, жолта треска, нилска треска, денга, зика и други болести кои се карактеристични за тропските земји, но не е исклучена можноста да се појават и кај нас. Овие болести што ги споменав се вистинска опасност за луѓето“, додава Зеќири.

Сè поголемото присуство на комарци ширум светот се совпаѓа со глобалното затоплување, урбанизацијата, растот на населението. Во Европа живеат седум видови комарци.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button