ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќето рурални општини во Полог се „потопени“ во отпад

Повеќето рурални општини во Полог се „потопени“ во отпад. Нелегалните депонии со години не се чистат. Зеленилото во дел од рамнините и висорамнините е покриено со остатоци од различен отпад.

„Проблемот е најистакнат во руралните општини на Полог, со посебен акцент на општина Теарце, која ја има оваа голема депонија и која со години вели дека нема финансии за да ја исчисти сама, а исто така и општина Врапчиште. Додека бараат од Министерството да им помогне со финансиски средства за чистење на депониите, едната во делот на планината тука и ред други, општина Врапчиште во делот на полињата каде што многу изразено се забележува присуството на диви депонии“.

Градоначалниците се правдаат со тоа што немаат доволно средства за чистење отпад.

„За чистење на депониите не сме добиле средства, освен депониите во селата Доброште и Глоѓе, во Паравиште во 2015 – 2016 година. Побаравме и понудивме проект во оваа насока, чекаме бидејќи ни ветија“.

„Реално, немаше повици за диви депонии, туку за депонии кои се покриени со инертни материјали. Навистина чекаме Министерството да објави нешто и доколку има таков повик ќе аплицираме“.

Министерот за животна средина Насер Нуредини вели дека наместо да се жалат, треба да се научат општините да аплицираат за финансирање.

„Законот предвидува локалната самоуправа да креира план за управување со вистинските потреби во време на загадување. Ако немаме персонал што може да ги спроведе тие планови или да управува со таа ситуација, тоа не може да се реализира.“

Многу општински јавни претпријатија и компании кои се занимаваат со транспорт на отпад, не го испратиле во Русино или Дрисла во Скопје, туку го истовараат низ полошките полиња.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button