ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно се судрија невладината „Спејс“ и општина Тетово

Повторно се судрија невладината „Спејс“ и општина Тетово

Повторно се судрија невладината „Спејс“ и општина Тетово. Членовите на ова здружение денеска се пожалија дека претставници на општината им ја смениле бравата на влезната врата. До тоа дошло откако претходно вработените во општината го побарале клучот од зградата за културна дејност.

Advertisements

„Волонтерите утрово се соочија со уште еден типичен вандалски чин и насилство, при што, како што се сомневавме, беше сменета бравата на влезот. Веднаш ја известивме полицијата за овој случај, додека групата што се претставува како општинска администрација бара од нас да ја отстраниме опремата, што апсолутно не го прифаќаме. Бараме оваа група веднаш да го ослободи просторот за младите да продолжат со планираните активности, а правните органи што поскоро да го расветлат случајот со неовластено деликвентно влегување и менување на бравата“, рече Нита Сејдиу, Организација „Спејс“.

Во општина Тетово ни рекоа дека организацијата имала меморандум за одржување активности во овие простории, како и сите други здруженија. Од таму додаваат дека Организацијата „Спејс“ во случај на потреба од користење на просторот треба да се обрати до општина Тетово со барање.

„Меморандумот за соработка меѓу здружението и општината е конкретно само за активности и проекти. И секое здружение, како раководител на секторот за јавни дејности, повикувам секое културно или образовно здружение на млади да се обрати до општината со барање, а општината ќе ги разгледа сите здруженија кои имаат активности, од општина Тетово ќе им се овозможи да ги извршуваат истите активности“, изјави Назми Даути, Сектор за јавна дејност на општина Тетово.

Првиот човек на општина Тетово претходно му го зеде правото на користење на објектот на поранешното Радио Тетово на здружението „Спејс“, бидејќи немало договор за користење, а требало да го користат сите здруженија и културните организации во Тетово кои имаат проекти за реализација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button