ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарот кај Будинарци стивнат, селото е безбедно

Во текот на ноќта пожарот во близина на селото Будинарсци имаше променливо темпо и сега е малку стивнат, објави утрово на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е се уште активен и силен, но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад. Селото Будинарци е безбедно, додава Ангелов во објавата.

Тој најавуа дека утрово интервенираат два македонски и два српски хеликоптери, а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион.

– Во борбата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од овој регион,  како и пожарникарите од Словенија, Австрија и Бугарија. Покрај нив учествуваат и екипи на Национални шуми, припадници на Армијата и Полицијата, ДЗС, ЦУК и голем број на доброволци од локалното население. Голема благодарност до сите нив за покажаната пожртвуваност и храброст, наведува Ангелов во објавата на Фејсбук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button