Пред анкетната комисија за случајот Онкологија сведочеа поранешни директори на ФЗОМ

Од Фондот за здравство не негираат дека Клиниката за онкологија набавила лекови и без нивно претходно одобрение, како што предвидува законот. Но, велат дека Фондот нема ингеренции да го утврдува кривичното дело. Пред анкетната комисија во Собранието за случајот Онкологија денеска сведочеа поранешни директори на ФЗОМ.
„Ние како Фонд за здравствено осигурување немаме надлежност да потврдуваме дали некое дејствие претставува законско прекршување, туку постапуваме според Законот за здравствено осигурување. Сите контроли и надзори направени од фондот со документите се испратени до надлежните органи како што се Министерството за финансии, за здравство и Државниот завод за ревизија и други надлежни органи да ги разгледаат“, рече Фатон Ахмети, поранешен директор на Фондот за здравство.