ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлогот на ВМРО за укинување на пописот не се знае кога ќе влезе на седница

Предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Законот за попис на населението, кој беше доставен по итна постапка, сè уште не се знае кога ќе биде ставен на пленарна седница. Како што неофицијално дознава Алсат, претседателот на Собранието ги започнал собраниските процедури за предлог-законот и им го поделил на пратениците, но нема одговор кога ќе се најде на пленарна седница.

Во меѓувреме, продолжуваат активностите против пописот кои доаѓаат од други актери, односно од т.н. Национален блок именуван како „Не ја отворам вратата“, предводен од Јанко Бачев. Денеска тие доставија документ до Владата со кој се бара премиерот Зоран Заев, заедно со другите функционери одговорни за пописот, да потпишат дека сносат морална и кривична одговорност доколку 32-те илјади попишувачи, некого заразат.

Инаку, во моментов продолжува онлајн пописот на граѓаните кои се во странство. Државниот завод за статистика објави дека досега биле евидентирани над 25 илјади лица.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button