ЕКОНОМИЈА

Прекројувањето на државната каса најверојатно кон крајот на месецов

Прекројувањето на државната каса најверојатно ќе биде готово кон крајот на месецов најави премиерот Димитар Ковачевски. Пресметките како и каде ќе се трошат парите во буџетот се веќе завршени, во моментов се прават калкулации за приходите во буџетот. Ковачевски вели дека претставниците на меѓународниот монетарен фонд секоја година имаат редовна мисија во земјава и даваат предлози како подобро да се направи ребалансот на буџетот.

„Согласно праксата тој ќе биде поднесен во Собранието кон крајот на овој месец бидејќи и минатата година се правеше во овој период. Мисијата на ММФ во државата е редовна мисија дури имаме и постојани претставници кои се во државата и се во регионалната дирекција на ММД.Во моментов на расходната страна се направени калкулации, се прават на приходна и потоа ќе може да се предложи ребалансот на буџетото во Собранието“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button