ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието побара итни чекори за надминување на проблемот со возачките дозволи

Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор, односно проблемот кој се појави со возачките дозволи, побара претседателот на Парламентот, Јован Митрески, на денешната координација со координаторите на пратеничките групи.

Тој истакна дека има најави дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да дејствуваат координирано за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, а кое во исто време нема да наштети на почитувањето на меѓународните правни акти кон кои како држава сме се обврзале, информираат од Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button