ЗДРАВСТВОСВЕТ

Редок случај на бубонска чума потврден во Орегон

Бубонската чума можеби звучи како неволја од минатото, но бактеријата која стои зад болеста сè уште е меѓу нас, предизвикувајќи илјадници човечки инфекции ширум светот, од година во година, иако случаите во САД се релативно ретки.

Државата Орегон штотуку го потврди својот прв случај по осум години, а властите велат дека најверојатно потекнува од домашна мачка, која исто така покажала симптоми, пренесува Science alert.

Обично, инфекцијата од овој вид започнува со симптоми слични на грип, вклучувајќи замор, треска и главоболка.

Меѓутоа, случајот со инфекцијата во Орегон напредувал до создавање на гноен апсцес, наречен „бубо“, што е мошне редок исход во денешно време.

За среќа, современите антибиотици ефикасно делуваат врз бактеријата која стои зад инфекцијата, Yersinia pestis, која ретко се покажува фатална ако се лекува на време. Пациентот во Орегон очигледно добро реагира на терапијата, а неговите блиски контакти исто така се третирани за да се спречи можноста за понатамошно ширење.

Официјалните лица не кажаа како инфекцијата се проширила од мачката до сопственикот, но ако мачката била касната од заразени болви, миленичето можеби ги донело болвите дома, заразувајќи го и сопственикот.

Y. pestis обично инфицира мали цицачи и болви. Човекот заболува по каснување со заболен паразит, или ако дојде во контакт со контаминирани телесни течности од заразен човек или животно.

Бубонската чума е најчеста форма и го зафаќа лимфниот систем, предизвикувајќи отечени и болни лимфни јазли кои можат да напредуваат до отворени рани исполнети со гној. Ако инфекцијата се прошири, подоцна може да ги зарази и белите дробови. Пациентот во Орегон почнал  интензивно да кашла во болница, што е знак дека неговата болест можеби напредувала во опасна фаза.

Бубонската чума во САД првпат е идентификувана на почетокот на 20 век, донесена преку стаорци од  бродовите. Последната урбана епидемија на чума во земјата завршила во 1925 година, но бактериите останале во  организмот на руралните глодари, предизвикувајќи периодични епидемии надвор од поголемите градови.

Денес, повеќето случаи во САД се јавуваат во руралните области на средниот запад и северозападот, со околу седум случаи пријавени во просек секоја година.

Последен пат беше пријавен случај во Орегон во 2015 година, кога едно девојче беше заразено за време на лов и заврши на интензивна нега.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button