ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Превентивна активност на СВР Куманово за заштита на имотот од кражби

Превентивна активност на СВР Куманово за заштита на имотот од кражби

СВР Куманово ја продолжува кампањата „Безбедно лето“ во населбите во Куманово со средби со граѓани, соопштија денеска надлежните од полицијата.

Полицијата подели информативни летоци за поголема заштита од кражби и имотни деликти.

Полицијата ги повика граѓаните во летниот период да преземат поголеми мерки за безбедност и заштита на нивните домови и имотот за време на годишните одмори. Меѓу препораките што ги наведува полицијата, а кои треба да ги преземат граѓаните пред заминување на одмор е да ги затворат прозорците и вратите, да не дозволуваат влез на непознати лица во домовите, да пријават доколку забележат нешто сомнително на 192, да развиваат добрососедски односи. Граѓаните треба да ги чуваат вредните предмети на сигурно место, да не се остава впечаток дека се отсутни од дома, домовите треба добро да се осветлени и по можност да се инсталираат алармни уреди и безбедносни камери.

– По планот за „Безбедно лето“ Секторот за внатрешни работи Куманово преку своите организациски единици реализираше превентивна активност со граѓани кои живеат во населбата „Гоце Делчев“. При непосредни средби на граѓаните им беа поделени летоци со практични совети за поголема заштита од кражби и имотни деликти и преку кратки едукативни разговори им беше укажано околу ризиците од палење оган на отворен простор и можните последици. Воедно, на непрописно паркираните возила беа поделени летоци во форма на платен налог, соопштија од полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button