МАКЕДОНИЈА

Пријавена корупција во штипска апелација

Претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за криминалот во судството“ денеска во Судскиот совет пријавија корупција во Апелациониот суд Штип и во Врховниот суд. Тие, како што информираат од Судскиот совет, на денешниот состанок ја известија претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска и членовите на советот за конкретни случаи од подрачјето на Апелациониот суд Штип во кои посочија дека имало криминал и корупција и споменаа конкретни имиња на неколку судии од Основниот суд Штип, од Апелациониот суд Штип и од Врховниот суд.

-Граѓанската иницијатива презентираше свои докази во врска со неколку судски случаи преку кои тврдат дека одредени поединци, судии и адвокати, имаат создадено мрежа и со местење на пресуди заработуваат, а парите, според тврдењата на иницијаторите, завршуваат кај поединци. Во прилог на нивните тврдења дека судии незаконски се збогатувале приложија податоци за имотната состојба на некои судии од кои се гледа дека несразмерно се богателе во последните години, а при тоа примале само месечна плата за судиската функција, велат од Судскиот совет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button