ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притвор од 30 дена за сите уапсени во акцијата за шверц на дрога

По триесет дена притвор добија шестмината уапсени во акцијата на полицијата и американската ДЕА, за нелегална трговија со 200 килограми марихуана. Меѓу притворените е и Александар Ушилковски, за кој опозицијата тврди дека е возач на Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев, како и командирот на полициската станица во Прилеп, Кире Спиркоски. Заедно со останатите делувале како организирана криминална група, за 200 килограми марихуана да продадат во Грција. ВМРО-ДПМНЕ два дена посочува за вмешаноста на возач на Трајче Заев и прашува дали дрогата е превезена со комбе во сопственост на фирма-партнер на Заеви. На фејсбук им одговори братучедот на премиерот.

„Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23. март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка.“

Непознато е од каде потекнуваат 200-те килограми запленета марихуана, иако се правеле контроли во две фирми за одгледување на медицински канабис во Прилеп и Битола. Од МВР велат дека по апсењата и кривичните пријави, предметот веќе е во надлежност на Обвинителството. Од Обвинителството пак не сакаат да споделуваат детали во оваа фаза од постапката. На прашањето упатено до Владата дали ќе се преиспита и одговорноста на министерот Спасовски откако се утврди дека висок полициски службеник  е инволвиран во шверц на дрога, а по скандалот со фалсификуваните пасоши, од таму одговорија дека последните случаи се доказ дека секој одговора за своите постапки.

„Полициската акција … е резултат на успешното раководење на министерот Оливер Спасовски со Министерството за внатрешни работи…Владата очекува брза и темелна истрага од страна на надлежните институции, одговор на прашањата кои се од интерес на јавноста и неселективно постапување без разлика за кого станува збор. Доколку некој постапил незаконски мора да се соочи со одговорност.“

 

Она што досега е познато дека организираната криминална група ја префрлила марихуаната од комбе со македонски регистарски таблички, во комбе со грчки регистрарски таблички, па тргнале во различни правци. Дрогата е фатена во грчкото комбе на патот Прилеп-Росоман, а во автомобилот на чело на колоната возила, бил командирот на полициската станица во Прилеп, Кире Спиркоски. Зад него во возилото бил Александар Ушликовски, а последно во колоната било комбето со дрогата. Истовремено, во Прилеп е фатен возачот на комбето со македонски регистарски таблички, а на бензиска пумпа во Гевгелија е уапсен и првоосомничениот Д.Ј. од Струмица.

Alsat

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button