МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер од Скопје, пронајдена дрога

Инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по добиена наредба од Основен кривичен суд, синоќа во 19.20 часот извршиле претрес во домот на А.П.(24) од Скопје. При претресот пронајдено е ЛСД, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по член 215 од Кривичниот законик, посочуваат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button