ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец-бегалец од затвор, пронајдена и дрога

Полициски службеници синоќа привеле скопјанец, кој се барал за бегство од Казнено поправна установа, а бил осуден на шест години и девет месеци затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

“Синоќа во 22:50 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, го лишиле од слобода Е.П.(33) од Скопје кој се барал за бегство од Казнено поправна установа, а бил осуден на шест години и девет месеци затворска казна, по што веднаш бил спроведен во КПУ Идризово. Кај Е.П. била пронајдена и прашкаста материја”, посочуваат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button