МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца српски државјани, шверцувале мигранти од Куба во земјава

Двајца српски државјани на возраст од 19 и 20 години биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од станицата за граничен премин и граничен надзор „Богородица“, информираат од МВР.

Според овие информации, во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „Голф”, со српски таблички, управувано од Ф.С (20), каде како совозач бил Б.Е (19), било констатирано дека во возилото се превезуваат девет мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата.

Во координација со Јавен обвинител, возачот и совозачот се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а мигрантите биле пренесени во транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија, се додава во соопштението на МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button