РЕГИОН

Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка

Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена на Дејан Драгиевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ. Адвокатите на осомничените побарале укинување на притворот, но судот ги одбил, пишува „Блиц“.

Advertisements

Тој суд треба повторно да донесе одлука за обвинението против Драгиевиќ и Јанковиќ откога судот во Ниш неодамна го укина решението со кое се потврдува обвинението и го врати на првостепениот суд на повторно одлучување.

Данка Илиќ исчезна на 26 март минатата година, а нејзиното тело сѐ уште не е пронајдено. Во обвинението Јанковиќ и Драгиевиќ се товарат за кривично дело тешко убиство.

Радослав Драгиевиќ, таткото на Дејан, е осомничен за кривично дело помагање на сторител на кривично дело и непријавување кривично дело. Го обвинуваат дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Паралелно со истрагата за убиството на Данка се води истрага и за претепувањето на Далибор Драгиевиќ, братот на осомничениот Дејан, кој почина во полициската станица во Бор поради полициска бруталност.

Тој беше приведен поради сомнение дека му помогнал на Драгиевиќ да го скрие телото на детето, а иако српската полиција тврдеше дека починал од природна смрт, а обдукцијата покажала дека смртта била насилна. Сѐ уште никој не е уапсен во врска со неговата смрт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button