ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува неконтролираната урбанизација на охридско – струшкото крајбрежје

Продолжува неконтролираната урбанизација на охридско – струшкото крајбрежје

Граѓанската иницијатива Охрид СОС обвинува за узурпација на охридско- струшкото крајбрежје со диви шанкови и кафе барови. Велат дека општините Охрид и Струга не презеле никакви мерки за нивно отстранување и спроведување на преземените обврски согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на Унеско, со што го прекршиле Законот.

Advertisements

„Сите шанкови, барови, други „привремени“ угостителски објекти кои влегуваат во езерото или се 50 метри од брегот, Општина Охрид и Општина Струга имаа обврска да ги отстранат до 1.2 2024 (или 2025 година, ако ја сметаме ревидираната верзија) бидејќи се дел од итните активности во Стратегискиот план за рехабилитација. Двете општини не донеле одлука за отстранување на овие објекти, односно не донеле управен акт кој морале да го донесат според Законот“, велат од ОХРИД СОС.

Минатата локална власт во Охрид презеде акција за нивно рушење, објектите две години не работеа, но сега тие повторно функционираат без проблем. Наместо само со монтажни дрвени шанкови маси и столици, како што беше и најавено пред две години, охридските плажи функционираат повторно по старо, како угостителски објекти, аво дел од нив редовно се одржуваат свадби и друг вид на веселби. Слично е и во Струга.

„Немаме плажи во Охрид, имаме урбана опрема.Тоа беше бај пас, кој беше создаден поради законски недоследности поврзано со она кое се создаде од минатата локална власт и уништување на нешто кое веќе функционирало односно урбанистички проекти на плажи, кои биле доставувани до Министерство за транспорт и врски и до локална самоуправа. Врз основа на тоа тие добиле одредени препораки врз основа на кои ќе можат да се движат“, рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Последниот извештај на Унеско е најлошиот досега велат граѓанските активисти.

„Тие ни кажуваат повеќе пати дека треба нешто да преземеме, ние упорно го одлагаме преземањето. Според мене мислам дека е крајно време да не стават на листата на загрозени подрачја.Можеби е крајно време тоа да го направат па ние да се свестиме“, рече Константин Здравевски- еколошки активист.

Здравески вели дека главна забелешка на УНЕСКО била масовната и неконтролирана урбанизација, како и не постапувањето по претходните препораки од страна на институциите./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button