ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Промена на моделот за државна помош на компаниите, Мизо: Да се одговори на барањата на компаниите

Странските инвеститори и домашните бизнисмени го бараат вистинскиот модел за користење и следење на државната помош за компаниите. Инвеститорите бараат јасни правила за нивните трошоци. Она што навистина им е битно е предвидливоста на деловната клима во Македонија. Сето тоа да биде ставено на посебен документ кој сите ќе го почитуваат.

Да се земат во обзир нашите забелешки, да евалуира овој документ, на годишно ниво или според потребите. Да не биде еден документ кој само ќе стои и ќе биде засекогаш истиот. Подобрување и проширување на документот мислам дека е можно секогаш во иднина -изјави Виктор Мизо Претседател на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство.

Надлежните велат дека веќе се детектирани одредени области каде се можни ризици. Тие може да се сведат на минимум доколку трошоците на државата за градба и набавка на опрема за во производствените хали може да се потврди дека се реални и согласно пазарните цени и услови. На тој начин нема да бидат оштетени ниту инвеститорите а ниту пак државната каса.

Како ќе ги следиме договорите за давање државна помош, дали тоа следење ќе го прават државните институции, дали инвеститорите ќе го прават тоа сами, или ќе се договориме да има меѓународна ревизорска куќа која е веќе ангажирана од страна на Дирекцијата и која што ќе помогне со својата експертиза, имаме многу јасна слика за тоа колку инвеститорите реализирале трошоци – рече Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Деспотовски тврди дека во преговори е со над 30 странски инвеститори, дел се присутни во држава а дел планираат да вложат во Македонија. Според неговите информации станува збор за потенцијални инвестиции од над 400 милиони евра.

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button