ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Катица Јанева и Бојан Јовановски ќе бидат пренесени во затвор

Кривичниот суд ја добил одлуката на колегите од скопска Апелација – каде се потврдува затворската казна за Боки 13 од девет години и за Катица Јанева од седум години. Откако ќе се комплетира предметот ќе биде препратен до судија за извршување санкции, кој треба да издаде наредба Бојан Јованвски од куќен притвор да биде однесен во затвор. Кога поранешната шефица на СЈО ќе замине во затворот Идризово, ќе одлучува судот во Гевгелија оти е надлежен по место на живееење на Катица Јанева. Нејзините адвокати очекувале дека Апелација нема да им ги одбие жалбите.

„Целиот случај е надвор од цела здраво разумска логика и правна логика. Ние на сите тие правни недостатоци и повреди во постапката укажавме во нашите жалби. Како бранители став на одбраната беше дека тие жалби требаше да бидат усвоени и предемтот требаше да се врати пред првостепениот, Кривичен суд за да се исправат тие недостатоци“, рече Ирена Фрчковска, адвокат.

Дали ќе побараат одложување на издржување на казната, ќе одлучат откако ќе го добијат образложението зошто е одбиена жалбата.

„Здравствената состојба нејзина, значи не е добра во секој случај, но понатаму останува да видиме како ќе постапуваме, дали ќе бараме одлагање на издржувањето на казната“, додава Фрчковска.

Според праксата на Кривичниот суд, лица кои се веќе во куќен притвор, со упатен акт се испраќаат во затвор. Дури потоа постои законска можност осудените да побараат прекин на издржување на затворската казна. Катица Јанева е во куќен притвор од 19 – ти ноември 2019 – та година а претходно 3 месеци беше во затвор. Целиот овој период ќе и биде пресметан во затворската казна од седум години. Боки 13 во домашен притвор е од 30 – ти октомври лани, а претходно 15 месеци беше во истражниот затвор Шутка. И нему ќе му се пресмета овој период во казната затвор од девет години. Против него се води и случајот „Меѓународен сојуз“ за измами преку неговата хуманитана организација.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button