ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Промовирана стратегија за конфискација на имот

Владата со нова „Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за водење финансики истраги и конфискација на имот“, На презентацијата вицепремиерот за борба против корупација Љупчо Николовски најави дека освен кривична од сега паралелно ќе се спроведува и финансиска истрага. Институциите ќе се поврзувале електронски. Ќе се зајакнувале обвинителствата и истражните центри.

Го прашавме Николовски, колку пари се конфискувани преку предметите на СЈО и колкава сума на пари е евидентирани во бројчаникот на „Триумфалната капија“ едно од ветувањата на оваа влада од пред четири години за враќање на украдените пари кај граѓаните.

„Не. Бројки ќе побарате од институциите. Тука сме за системските работи и проблеми. Она што 30 години не функционирало ако сме немале Закон за потекло на имот или ако немаме доволно инструменти помеѓу институциите во моменталното законодавство кои ќе обезбедат неселективна борба против корупцијата и криминалот, тоа денес го правиме“, рече Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција.

Државниот обвинител, Љубомир Јовевски порача дека, денешната презентација на стратегијата за конфискација на имот, не значи дека досега не се испитувал имотот на сторители на кривични дела. Токму расформираното СЈО, поднесе обвиненија каде е утврдена повеќе милионска штета на буџетот. Изградбата на кинеските автопати е еден од овие случаи со штета по државната каса од 155 милиони евра, кое поради разрешување на судија, ќе почне одново.

„Враќањето на почеток на овие предмети значително ќе го пролонгира времето на нивното завршување но јас очекувам дека во новата постапка ќе се даде соодветна динамика на овие предмети и побрзо ќе се дојде до соодветна судска одлука“, рече Љубомир Јовевски, Државен обвинител.

Денеска беше посочено дека до крајот на летото ќе биде познат и текстот на Законот за потекло на имот. И додека властите ја презентираа стратегијата, државата никако не може да конфискува над 17 милиони евра од бизнисменот Сеад Кочан и неговата компанија „Трансмет“, правосилно осуден во случајот на СЈО „Труст“ кој се однесува на формирање лажен конзорциум за ископ на јаловина во РЕК Битола.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button