ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проширувањето на паркингот во Клиничкиот центар не го реши сообраќајниот хаос

Проширувањето на паркингот во Клиничкиот центар во Скопје не го реши проблемот со сообраќајниот хаос создаден од паркирањето на автомобилите. Од главниот влез на комплексот се забележува неред предизвикан од големиот број автомобили кои кружат и не наоѓаат место за паркинг. Граѓаните се жалат дека залудно плаќаат за првиот час затоа што им треба толку време додека да најдат паркинг место.

„Паркинг баравме 15 минути. 15 минути чекавме паркинг, изгубивме половина час. Не вреди воопшто, но мора да дојдеме“, реагира еден граѓанин.

АЛСАТ упати прашања до јавното претпријатие „Градски паркинг“, но одговор на добивме. За време на пандемијата, двата постојни паркинзи во рамките на комплексот беа проширени од 6.000 м2 на 20.000 м2, но на крајот се чини ниту тоа не е доволно.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button