СВЕТ

Драмата во Германија сѐ уште трае, бројот на жртви се зголемува од час во час

Најмалку 58 лица загинаа во Германија, а десетици се водат за исчезнати откако обилните рекордни врнежи предизвикаа излевање на реките, поплавување на домовите и на подрумите, пренесе Дојче Веле.

Новинската агенција „Ројтерс“ пишува дека во регионот Ахрвејлер во покраината Рајнска област-Пфалц каде реката Ахр, која се влева во Рајна, се изли и однесе шест домови, се регистрирани 18 жртви и десетици исчезнати.

Петнаесет лица, пак, загинале во регионот на Еускирхен, јужно од градот Бон.

Во покраината Северна Рајна-Вестфалија, пак, регистрирани се девет жртви, меѓу кои и двајца пожарникари.

Ова се најкатастрофалните поплави што ја погодиле Германија. Во 2002 во источниот дел на земјата загинале 21 лице, а повеќе од 100 во поширокиот регион на централна Европа.

Канцеларката Ангела Меркел од Вашингтон, каде што е на средба со претседателот на САД Џо Бајден, рече дека е шокирана од размерите на катастрофата која погоди „толку многу луѓе“.
„Моето сочуство за семејствата на загинатите и исчезнатите“. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети помош за земјите погодени од поплавите. Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочуство до семејствата на жртвите.

Освен во Германија, според извештајот на „Ројтерс“, жртви има и во Белгија каде загинаа двајца мажи, а водата однесе и 15-годишно девојче кое се води за исчезнато.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button