ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓански протест во Тетово, жители бараат канализација, улици, паркинзи

Се наоѓа  во централниот дел на градот, но сепак ги нема основните услови за живот. Овој е урбаниот блок 37. Лоши улици, излевање на атмосферската вода, дупки. Жителите велат дека со години ја алармираат општината Тетово, но не добиле ништо освен ветувања. Потпишале и петиција уште во 2017 година.

„Тука има многу проблеми. Вака е веќе подолго време. Жителите се жалеа, општината секогаш се правда дека ќе дојде и ќе среди. Проблем има и со атмосферската вода, кога врне е голем проблем, паркинзите се проблем, исто така и казината.“

„Гледате, улицата е тотално руинирана, ова тука е изградено без дозвола, така што не можеме да си влегуваме во домовите, иако ѝ плаќаме на општината, ми требаат два часа кога ќе дојдам тука за да влезам мојата куќа. Има ѓубре, гледате, катастрофа.“

Жителите најавуваат поголеми протести доколку институциите продолжат да ги игнорираат.

„Ова е нашата најава. Ќе излеземе на протести и на граѓанска непослушност.“

Градоначалничката Арифи вели дека секое ветување дадено пред жителите, ќе биде исполнето.

„Сè уште работиме на многу места, но онаму каде што рековме дека ќе работиме, ќе успееме да ги завршиме работите.“

Во оваа населба живеат околу 90 семејства кои покрај условите имаат проблеми и со блокирање на улицата од автомобили паркирани пред нивните домови.

Bashkim Sulejmani

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button