СПОРТФУДБАЛ

Пулишиќ го постигна 5.000-иот гол за Милан во Серија А

Во 29. коло во италијанското фудбалско првенство, Милан рутински ја совлада Верона на „Бентегоди“ со 3:1. Крилниот напаѓач Кристијан Пулишиќ во 50. минута ја зголеми предноста на Милан на 2:0. Тој гол е 5.000. за Милан во Серија А. Претходно оваа бројка во Серија А ја минаа Интер и Јувентус. Претходно, во историјата на клубот влегоа следните играчи:

1.000 гол: Гунар Нордал (Шведска), 28 мај 1950 година – Милан – Рома (6:2)

2.000: Паоло Ферари (Италија), 31 мај 1964 – Спал – Милан (2:4)

3.000: Даниеле Масаро (Италија), 8 декември 1991 година: Милан – Торино (2:0)

4.000: Кака (Бразил), 26 август 2007: Џенова – Милан 0:3

На табелата во Серија А води Интер со 76 бода, втор е Милан со 62, трет Јувентус со 59, а четврта е Болоња со 54.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button