РЕГИОН

Црногорската полиција уапси тинејџер кој се заканувал со повеќекратни убиства во училиште

Црногорската полиција уапсила 17-годишен тинејџер кој на адресата на средното електротехничко училиште во Подгорица на 15 март испратил имејл со закана за повеќекратни убиства.

Полицијата извршила претрес во неговиот стан, каде што биле пронајдени 20 оружја „ерсофт“ (реплики на оригиналното оружје), од кои две се предмет на кривично дело. Од малолетникот биле одземени и компјутер и мобилен телефон. По наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, тинејџерот е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред.

Службеници на полициската управа ќе поднесат прекршочна пријава за занемарување на дете против А.С., татко на осомничениот малолетник.

„Имајќи ги предвид континуираните настани, во кои мета на киберактивности беа, меѓу другото, образовните институции, ја информираме јавноста дека службениците на Полициската управа континуирано ќе ја продолжат истрагата за овие криминални активности со посебен фокус и внимание, преку расположливите капацитети, со цел заштита на општествената заедница“, соопшти црногорската полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button