СПОРТ

Ракомет, Вардар ќе го одигра одложениот меч против Пик Сегед

Ракометната екипа на Вардар ќе го одигра одложениот натпревар во Лигата на шампионите поради пандемијата. Вардар на 22 декември ќе му гостува на Пик Сегед. Натпреварот првично беше закажан за почетокот на сезоната, но во унгарскиот тим се појавија случаи на заразени со ковид. Колку за потсетување, Вардар по 5 одиграни натпревари има само 3 бодови, еден повеќе од Пик Сегед, кој во европската ракометна елита има одиграно исто така 5 натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button