ЕКОНОМИЈА

Ранливите категории од денеска може да аплицираат за помош за електрична енергија

Министерството за економија го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.

Advertisements

Согласно програмата финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа: за самец до 15.194 денари; за домаќинство со два члена до 18.000 денари; за домаќинство со три члена до 21.000 денари; за домаќинство со четири члена до 25.000 денари;  за домаќинство со пет или повеќе члена до 30.000 денари.

Доделувањето на финансиската поддршка ќе се врши по принципот на најниски примања по домаќинство во 2021 година, во секоја од категориите сѐ до исцрпување на предвидените средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година за оваа намена, велат од Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button