ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Половина од владините економски ветувања не се ни почнати

Владата досега не успеа да реализира ниту една петтина од ветувањата поврзани со економијата. Од 27 ветувања, засега се остварени 18,5 отсто, а 14,8 се во некоја фаза на исполнување. Институтот за економски анализи Фајнанс Тинк објави истражување во кое е се наведува дека речиси половина од владините ветувања за економски мерки и проекти не се ниту започнати. Благица Петрески од институтот за Алсат вели дека загрижува фактот што потфрлање има кај капиталните инвестиции, особено кај патната инфраструктура и кај приватните инвестиции.

„Еден дел од причините се должат на нереално поставените таргети или преоптимистички таргети. Во еден дел се должат на севкупната ситуација иако во 2020 година кога програмите биле поставувани се знаеше дека сме во корона криза….“, вели Благица Петрески, Институт за економски анализи „Фајнанс Тинк“.

Едно од позвучните ветувања кои власта засега не ги реализира е укинување на персоналниот данок на доход во ИТ индустријата. Исполнети се ветувањата за намалување на даноците во угостителството и за занаетчиските услуги, како и кај борбата против сивата економија. Од институтот не биле во можност да ги измерат социјалните елементи во делот на приходите и условите за живот на граѓаните. Дел од државните институции не ги објавиле податоците.

„….Во моментов исполнувањата се под целта којашто требала да биде за оваа година“, вели Петрески.

На новиот владин состав, експертите од институтот му порачуваат да бидат пореални во ветувањата и програмата за работа во периодот што следи.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button