ЗДРАВСТВО

Растат листите на чекање, операции се прават само на најитните пациенти

Растат листите на чекање, операции се прават само на најитните пациенти

Хируршките клиники во скопскиот клинички центар и натаму работат со намален интензитет. Само две од оперативните сали се во функција, а двојно е помал бројот на операции на клинички.

Листите на чекање растат, надлежните и по речиси три недели откако престанаа да работат салите, проблемот не го решија.

Хирурзите се координираат меѓусебно за вршење операции, а предност имаат пациентите со малигни заболувања и фрактури.

Министерството за здравство за надминување на проблемот решението го бара во нова компресорска станица, а лекарите велат како ќе се набавуваат надворешни компресори за воздухот, така постепено ќе се отвораат и други сали во хируршкиот блок.

Сепак хирурзите порачуваат дека ова не е трајно решение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button