Расте бројот на болни од грип и други вируси

Сезоната на инфекции, особено оние на дишните патишта, го зголеми бројот на пациенти во здравствените установи без разлика дали станува збор за прегледи или хоспитализации. Во текот на утрово над 40 деца беа прегледани на Детската клиника „Козле“, од кои три беа хоспитализирани.
„На што се жали? Кашлица, температура, вирус, сè исто. Резултатите ги чекам. Колку дена е така? Пет дена, замор, температура, кашлање, сè. Колку години има? 6. Малиот добар е? Од иста болест боледуваат“, вели еден родител.
Слична е ситуацијата и во Тетово. Лекарите велат дека бројот на пациенти со грип се зголемил за 200% во изминативе две недели. Ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни ако симптомите траат повеќе од два дена и да не се лекуваат на своја рака.
„Едвај се спасив лани, останав по болници. Пред неколку дена бев многу лошо, два дена не јадев и не пиев ништо, едвај се спасив. Но, не се чуваме, не носиме маски, ниту ние, ниту лекарите…“
„Не знаеме дали е грип или што е, но мораме многу да внимаваме за да бидеме сигурни дека нема да се разболиме премногу“, велат граѓаните.
„Приближно во рамките на смената имаме до 150 амбулантски прегледи на пациенти кои доаѓаат на преглед главно со симптоми на сезонски грип. Во просек, ако се базираме на бројките слободно можеме да кажеме дека бројот на пациенти е зголемен за 200%. Ги повикуваме сите граѓани да се грижат за своето здравје колку што е можно повеќе, да го чуваат својот имунитет со консумирање повеќе течности и чаеви и да реагираат на првите симптоми на време, а не да чекаат ситуацијата да се влоши“, рече Бесник Мустафи, лекар во брза помош.
Министерот за здравство вели дека нема место за паника, но ги потсети граѓаните да се вакцинираат.
„Иднината на земјата се нашите деца. Секое вакцинирано дете е спас на еден живот или утре тоа дете да не биде погодено од ниту една болест. Апелирам до граѓаните, за доброто на нивните деца, за доброто на сите граѓани да спречат некои работи бидејќи имаме доволен број вакцини, дури и повеќе од потребното“, порача Фатмир Меџити, министер за здравство.
Според лекарите, зголемувањето на бројот на лицата заболени до грип се должи на релативно топлата зима, немањето снег и загадениот воздух.
Мелихате Рустеми